Кои се најскапите градови во светот?

popara13 јуни, 20121min00
w4

Најскапиот град во светот е Токио, потоа следува Луанда, Осака, Москва, Женева, а сето тоа прикажа една студија на консултанската британска компанија „ Mercer”.

Меѓу десетте најскапи градови во светот на оваа листа се најдоа и Сингапур, Цирих, кои го делат шесттото место, а потоа следи главниот град на Чад, па Хонг Конг.

Европските градови забележале пад во однос на минатата година, па така Париз се најде на 37-мо место, што е за десет места подоле од минатата година.

Лондон од 18 падна на 25 место, Рим од 34 на 42, а Атина од 53 на 77 место.

Во студијата било објавено дека земјите од еврозоната кои биле погодени од кризата како Грција, Шпанија, Италија се поефтини за разлика од минатата година, а особено во недвижностите.

Два најскапи града на американско тло се Сао Паоло и Рио де Жанеиро, на 12 и 13 место, по далеку од Њујорк кој се најде на 33 место.

Исто како и минатата година најефтин град во светот е Карачи, Пакистан кој се најде на 214 место на листата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma