Кои се тајните секс фантазии на мажите?!

popara17 јули, 20121min00
секс фантазии

Сами соблечете си го градникот и со него врзете го за креветот и потоа дадете му го најдобриот орален секс кој некогаш го имал.

Постојат некои работи кои вашиот партнер ги обожува, но нема да ви ги каже.

Некои негови сексуални фантазии тој нема да се осмели да ви ги каже вам, а уште поинтересно е што не ги споделува ниту со пријателите, тврди секс терапевтот Sandor Gardos.

Применете ги овие совети и бидете најдобра во кревет.

ТОЈ САКА ДЕВОЈКА КОЈА ЗНАЕ ДА СЕ ЗАПАЛИ САМА

На жените им е потребно повеќе време за да се возбудат и повеќето од вас тоа го сфаќаат како работа на мажот. Но време е да се потрудите и сами да го активирате мозокот за сексуална акција.

За да му дадете поттик на либидото, направете ги истите работи кои ги правите кога се самозадоволувате Затворете ги очите и мислете на вашиот партнер или дури и на друго момче кое ве возбудува, но тоа нормално не кажувајте му го на вашето момче.

ТОЈ САКА СЕКСОТ ДА БИДЕ ЗАБАВЕН

За жал, сексот во вистинскиот живот не е ист како оној на филмовите. Работите не секогаш одат во најдобар ред, а некои пози не функционираат. Ако се фокусирате на тоа се ќе расипете, но ако се насмеете двајцата тогаш тоа ќе стане забавен момент.

Ако вашиот партнер случајно ви ја удри главата при пробување на нова поза, не реагирајте бурно, само насмевнете се, па следниот пат ќе знаете каде сте погрешиле и ќе го сторите тоа правилно.

ТОЈ САКА ДА ГЛЕДА

За мажот, тоа што го гледа е речиси исто толку добро колку она што го добива, па затоа подарете му убава глетка. За промена вечерва одведете го пред огледалото и уживајте гледајќи се додека имате секс, тој ќе биде воодушевен.

Друг начин да го возбудите е да оставите некое парче облека на вас. Мажите сакаат кога имаат простор за фантазија, па секси долна облека на вас не би било воопшто лош избор. Исто така одберете некоја поза кога вие сте врз него, чувствувајте се самоуверено и допирајте се по телото, тој ќе ужива.

ТОЈ САКА ПОНЕКОГАШ ДА НЕ ПРАВИ НИШТО

Вие да ја започнете акцијата, тој само да лежи, а вие да го диктирате темпото е една од најголемите машки фантазии.

За промена фрлете го на креветот, не дозволувајте му да ви ја соблече облеката или да стори нешто, сами соблечете си го градникот и со него врзете го за креветот и потоа дадете му го најдобриот орален секс кој некогаш го имал.

Или легнете го сосема гол на креветот и бакнувајте го по секој дел од телото што ќе посакате, возбудата ќе биде на највисоко ниво, а верувајте сето ова ќе ви се исплати подоцна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag