Изненадувачки, но овие производи сигурно нема да допринесат да се чувствувате секси, баш напротив тие ќе го избркаат сексуалното расположение кај вас и партнерот.
Обидете се овие работи во продолжение да не се најдат во ваша близина, особено ако планирате романтична вечера или средба со саканата личност.
Мирисот на вишна – истражувањата покажале дека оваа арома е потполно непожелна за секси расположението. Можеби затоа што потсетува на сируп за кашлање?!
Голамa количина на алкохол – една или две чаши алкохол може да помогнат да запловите во љубовната игра, но повеќе ќе направат само негативен ефект на вашето либидо.
Сино светло – светлото во сина боја има ефект на опуштање, но не и на зголемување на возбудата.
Вештачки засладувачи – некои доктори сметаат дека консумирањето на диетални производи доведува до промена на хемијата во мозокот и доведува до пад на расположението.
Цигари – ако мирисате како пепелник сигурно нема да допринесете да се чувствувате и двајцата секси. А покрај тоа пушењето го намалува дотокот на крвта во вашите гениталии.