Како е можно некои луѓе да го најдат вистинскиот човек и да создадат трајна врска, додека други постојано налетуваат на краткотрајни врски, погрешни луѓе и се расправаат со партнерот како мачка и куче?
Има многу теории на темата како да го привлечеме вистинскиот човек. На базата на многу студии и лично искуство сметам дека има 7 карактеристики што ги прават луѓето подобри кандидати за вистинска љубов од останатите. Најчесто, до третата и четвртата сесија експертите можат со 99% сигурност да препознаат кој од клиентите брзо ќе ја открие љубовта на својот живот и кој има да учи уште многу долго време. Ова се основните фактори според кои тие се раководат:
Луѓето кои се на пат да ја привлечат љубовта во својот живот ги поседуваат следниве умствени и душевни карактеристики:
Тие стигнале до таму, што очекуваат љубовта да им се случи без да се вознемируваат за тоа дали, како и кога ќе биде. За разлика од нив, повеќето слободни постојано размислуваат што не сакаат во идната врска и собираат статистики и информации за тоа колку е тешко, невозможно и недостижно да ја сретнеш љубовта. Она во што веруваш, тоа и ќе ти се случи.
Тие се веќе вљубени. Тие се спремни за квалитетно партнерство, зошто веќе го сакаат човекот со кого се постојано – себе си. Без да се сакаш доволно себе си, никогаш нема да можеш да создадеш здрава врска и брак.
Тие се релативно задоволни од животот кој веќе го имаат. Не дека имаат се, далеку од тоа, но го ценат она што го имаат и го очекуваат она што им следува, бидејќи веруваат во себе и во својата добра иднина.
Тие не се плашат од љубовта. Се чувствуваат доволно силни за да се слободни од страв без разлика во какви околности се наоѓаат. Тие можат да кажат, да почувствуваат, да докажат и да покажат дека љубат – на јавни места, пред сите, било кога и било каде.
Тие имаат реални погледи и очекувања во однос на љубовта и интимните врски. Тие знаат дека за да сакаш човечко суштество значи да го сакаш и покрај не толку убавите квалитети и не само поради неговите добри страни.
Тие не претеруваат со премислување и анализирање, па со тоа да се доведат во состојба на страв и постојано одлагање. Ниту пак само седат на троседот пред телевизорот и чекаат љубовта да се појави од некаде.
Тие прифаќаат ризик и сепак имаат разумна проценка за тоа што е надвор од нивна контрола. Веруваат дека позади сцената има некоја голема сила, нешто што е над нивната контрола, нешто како Бог, кој едноставно ги подредува работите онака, за се да си дојде на своето место.
Не грижете се ако сеуште немате една или неколку од овие карактеристики. Сега можете да земете решение и да ја мобилизирате својата енергија, која ќе ве избави од лутањето меѓу надежта и очајот.