Веќе со месеци наназад се шпекулира дека Џеси Џеј има дечко кој го крие од очите на јавноста, нејзините пријатели во повеќе наврати го потврдија тоа пред таблоидите, а сега наводно е откриен и идентитетот на нејзиниот нов дечко, се работи за раперот Тини Темпа.
Одредени извори тврдат дека Џеси Џеј и раперот Тини Темпа се во врска. Тиа двајца се запознале минатата година на настанот кој е организиран во корист на добротворната организација Teenage Cancer Trust и од тогаш наводно се гледаат.
Џеси според изворите, е многу заљубена и се труди што повеќе време да поминува со Тини. Поучена од лошите искуства на многу нејзини колешки, одлучила својот љубовен живот да го зачува од очите на јавноста.