Вчерашниот ден ќе биде запаметен во историјата на човештвото, како ден во кој австрискиот авантурист Феликс Баумгартнер, скокнал од височина од дури 39 километри. За Вас, истраживме кој е всушност храбриот Феликс.
Феликс Баумгартнер е роден во 1969 година во Австрија. Со скокање со падобранец почнал да се занимава кога имал 16 години, а својата вештина дополнително ја изострил како член на австрискиот тим за воени демонстрации и натпревари. Во1988 година почнал да изведува акробациии од авион со падобран. Феликс се заситил од скокање со падобран откако пред две години испробал се поврзано со оваа дисциплина.
Затоа во 1990 година тој почнува да се занимава со BASE jumping, активност во која учесникот скока од фиксен објект и по скокот го отвара падобранот за да го ублажи падот. Феликс остварил светски рекорд во BASE jumping и бил номиниран за Светска спортска награда во две категории NEA награда за екстремни спортови. Феликс Баумгартнер често учествува во добротворни настани, па така ибил портпарол на непрофитна организација “Крила за истражување коскена срцевина”. Феликс Баумгартнер познат е по тоа што е прв човек кој го прелетал Ламанш или Англиски Канал со јаглерод крило.
Феликс Баумгартнер за историскиот скок “од работ на вселената” се подготвувал речиси 5 години, со цел тим на експерти. Пред финалниот скок со височина од 36,5 километри, Феликс извршил серија на тест скокови. Првиот бил во март 2012 година, кога скокнал од височина од 22 километри. Во јули 2012 година, скокнал до висина од 29.584 метри. Сето ова кулминираше со историски скок “од работ на вселената”. Феликс во капсулата се качи на висина од неверојатно 39 километри над Земјата, храбро скокна и успешно ја заврши оваа неверојатна мисија.
One comment
ANGEL
17 октомври, 2012 at 12:10
ima li poprosto od covekot sto veruva deka skokot ne bil montiran