Кој хороскопски знак мажи изневеруваат најмногу?

popara22 февруари, 20121min00
3

Сите мажи изневеруваат, тврдат песимистките, а некои од нив успеваат само да го скријат тоа, со итра насмевка додаваат некои од нив. Без да се согласиме сосема со ова тврдење, сепак нема како да спориме со фактите дека сепак некои мажи изневеруваат. Во текстот што следува ќе раскажеме накратко за типичното поведение на мажот, кој изневерува или не во зависност од тоа каков е неговиот хороскопски знак.

Овен – тој дури и не помислува да изневери кога е вљубен, љубовта го обзема целосно и не остава место за лекомислени флертови.  Меѓутоа тоа е така само кога е вљубен, а ако страста намали, тој сеуште ќе е со вас, но ќе бара нова страст. Затоа на жените кои се со овој маж им препорачуваме постојано да го изненадуваат со нешто, со изгледот, со секси долна облека, да иницираат самите секс и слично, со чел страста да се одржува жива. Со овенот ако играте како треба, тој ќе биде само ваш!

Бик – тој не е следбеник на кариерата на Казанова и не е толку лесно да му ја завртиш главата. Тој не брза со изборот на единствената жена и ако свати дека сте единствена тогаш ќе направи се за да биде со вас и ништо нема да го спречи. Можеби ќе се загледува и по други жени на улица, но тоа не значи дека и ќе ве изневери. Тој само лета од жена на жена се додека не ја открие вистинската. А ти можеш ако си доволно паметна да му покажеш дека ти си таа!

Близнаци – ваквиот маж поради својата двојна природа е непостојан и често ги менува радикално своите погледи кон љубовта и животот. Точно кога ќе си помислите дека вашето вечно дете – близнак станало маж, станал поумен и одговорен, тогаш бидете сигурни дека веќе е нечие туѓо дете – близнак. Тој нема да престане да ве сака, ќе ве сака и вас, но едноставно природата му е таква. Ако ви ветил дека ќе бидете заедно, ќе бидете до крајот на животот и не лутете му се, оној што изневерува е другиот во него…

Рак – тој не изневерува лесно зошто за него е премногу важен идеалниот семеен живот, сака да биде верен и да добие верност и е навистина идеален партнер. Освен тоа тој претпоставува колку болно ќе се одрази на вас неверството, тој е крајно емотивен и не би можел да ве гледа како страдате. Ако сте во врска со ваков маж, воопшто не се тревожете за вашата заедничка иднина.

Лав – тој не умее да го скрие своето неверство, бидејќи секој свој плен тој го користи за да се пофали пред останатите. Тој не може да се воздржи да се појави во јавноста со секси убавица и да се пофали со нејзината убавина и не размислува многу дека неговата партнерка може да разбере за тоа. Неверниот лав е секогаш задоволен од себе си и од тоа што го дополнил својот список со љубовни подвизи. Во својата наивност тој верува дека направил доволно за вас, ве направил среќна и дека веќе е време да зарадува некоја друга. Жената што ќе го задржи е таа што не му посветува многу внимание и ќе го натера да се замисли како е можно маж како него да го нема целото ваше внимание. Единствено ова е начинот, тој ќе се ожени само за онаа за која тој ќе се труди да ја задржи, а не таа него! Тежок играч, но сепак има начин!

Дева – овие мажи се познати по својата постојаност. Да се покори срцето на мажот дева не е по слите на секоја жена. Девите се многу внимателни и ако тој ја сретнал единствената, поради која би можел да ризикува се тој тоа и ќе го направи. Но му треба навистина долго време да биде сигурен дека го направил вистинскиот избор. На вас останува само да ја следите неговата игра, а таа е многу претпазлива и бавна. Често користи разни трикови за да открие вашата суштина. Бидете внимателни со него и ќе го добиете неговото срце засекогаш.

Вага – овој маж речиси никогаш нема да го фатите во неверство, а најчесто неговото време е поделено помеѓу две или повеќе жени. Мажите од овој знак умеат многу добро да ги контролираат своите чуства. На својата избраника и го дава своето срце и душа, но на другите дел од своето време и тело, без никакви емоции. Затоа вие никогаш нема да забележите дека тој ве изневерува, зошто целата своја љубов ја посветува на вас.

Шкорпион – дири најверните и најморалните од нив, често се осомничени од страна на нивните љубоморни избранички. Скорпионите се комплицирани и понекогаш и тие самите не можат да ја разберат силата на своите емоции. Кога ќе ве изневери тој самиот паѓа во сопствената замка. Тие прават неверојатно коварни планови, но потоа скапо плаќаат за својата коварност. И пред да се обиде да признае колку несреќен, измамен и предаден е тој, едноставно не му верувајте. Не треба да се грижите, кога веќе сте избрале скорпион значи дека вие сте жена со силна интуиција од која ништо нема да остане скриено. Дај те му да разбере дека ако дојде до нешто такво, вие ќе го оставите засекогаш. Ова ќе го натера да размисли два пати пред да направи следен чекор, бидејќи жената што ја избрал ја сака до болка. Вие треба само да си го воспитате како мало детенце и ќе успеете.

Стрелец – дури и најсериозните стрелци се неспокојни, неговата желба за авантури и романтични моменти не се исклучени. Кога изневерува тој не се замислува бидејќи не се чувствува виновен, едноставно така се случи, ќе каже. Опасното кај овој знак е дека ако почуствува дека целта, односно вие е добиена, тој многу брзо губи интерес. Нели ви текнува што треба да правите? Никако немојте да му покажете дека целосно ве освоил, а за него нема ништо поважно од тоа. Ќе се бори за вас до последен здив, но само ако вие секогаш сте еден чекор пред него, емотивно се разбира.

Јарец – тој прави долги планови и за љубовта и за животот воопшто. На него му треба малку повеќе време додека не биде сосема сигурен дека вие сте вистинската. Можеби ќе мине доста време и тој ќе делува незаинтересиран за вас, но вие треба да знаете дека тој токму тогаш ја создава вашата слика во неговата глава и сериозно размислува за тоа, дека вие сте можеби вистинската. Бидете смирена и имајте трпение. Штом тој посветил толку време да ве анализира, вашите шанси се големи, само дај те му време. Ако ја најде вистинската, тој ќе биде верен, но дотогаш многу ќе поминат низ неговите раце…

Водолија – тој не сака да се крие и ако е принуден да го направи тоа, тој се чуствува неудобно. Понекогаш стремежот за нешто различно е посилен од него и го тера да се зближи со некоја жена единсвтвено само затоа што таа е различна. Не го прави тоа со емоции, се се сведува само на секс, но неговата природа е таква и тоа е тоа. Она што најмногу ќе го натера да ве изневери е ако не е задоволен од сексот. Ако сакате да биде ваш, посветете се малку повеќе на тоа поле.

Риби – тие се еден од најемоционалните мажи, но парадоксално е дека тој има премнугу бујна фантазија и во главата секогаш има повеќе жени. Најчесто рибите физички не изневеруваат, но емоционално да. Тој својот живот ќе го посвети на својата сопруга и семејството, максимално, но секогаш во неговата глава мора да има некоја друга жена што ќе го тера да мечтае…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag