Кој всушност ја откри Америка?! :)

popara1 март, 20121min00
vy56

Најновите археолошки откритија покажуваат дека праисториските европјани биле првите луѓе кои ја населиле Америка, дури 10.000 години пред американските индијанци.

Археолозите по должината на североисточниот брег на САД пронашле голем број алатки од камен, стари помеѓу 19.000 и 26.000 години, кои се скоро идентични на оние кои се правеле во тоа време во Европа.

Пронајдените атфакти, кои укажуваат дека човекот од каменото доба успеал да емигрира во Америка може да ја измени американската историја онаа што ја познаваме, а особено да го оспорат тврдењето на Кристофер Колумбо дека тој прв го открил „новиот свет“.

Професорот Денис Стенфорд од Смитсонијан музејот во Вашингтон и професорот Брус бредли од Универзитетот Екистер, чија книга “Across Atlantic Ice”  ќе биде објавена наредниот месец, веруваат дека древните европјани се преселиле во Северна Америка патувајќи по замрзнатиот Атлански океан, за време на леденото доба.

За време на леденото доба, мразот покрил три милиони квадратни километри од Атлантикот, а со тоа се создал мост меѓу двата континенти.

Многуте пингвини, фоки, птици и други животни кои тогаш изумирале им биле соодветна храна на праисториските номади кои пешачеле повеќе од 2500 километри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag