Милионерот Џејмс за прв пат пробал кокаин во Португалија, откако се пензионирал на 36 години. Исшмркал еден килограм кокаин, а зависноста го довела до параноја и здравствени проблеми.
За милионерот Џејмс Браун (45) од Глазгов пријателите ќе кажат дека го допрел дното. Имал сè што ќе посака. Оргомното богатство почнал да го троши на кокаин откако се пензионирал на само 36 години. Толку се навлекол на таа дрога, што носот речиси му пропаднал. Кокаинот му ја нагризал коската.
Има внесено во себе еден килограм кокаин, со кој прв пат имал контакт во Португалија. Зависоноста го довела до тешки паранои, проблеми со срцето, дефотмитети на носот и затвор!
Пропаднатиот милионер го осудиле на пет години затвор, бидејќи му откриле големо количество на кокаин, кој го сокривал во вентилацијата и покривот на својот луксузен Бентли.
Покрај дрога во хотелската соба на Браун е откриено оружје за кое немал дозвола. На суд Џејмс открил дека дрогата и оружјето се лично негови.