Кокосовото масло без кое убавината не може

popara27 октомври, 20121min00
kokos

Кокосовото масло е богато со 3 интересни и корисни киселини – лауринова, каприл и каприол киселина. Благодарение на нив кокосовото масло има антимикробно, антиоксидативно, антифунгални, антибактериски и смирувачко дејство – се што ви треба за совршен мазно тело. Тоа е богато уште со витамин Е, витамин К и многу други корисни минерали.

Кокосово масло се користи во козметологијата за правење сапуни, лосиони, креми, анти ејџ производи и др. Тоа е одлично масло за масажа. Дејствува како ефективен навлажнувач за сите видови кожа, особено поволен е ефектот врз лупењето и сувата кожа – помага при лекувањето на разни кожни проблеми, вклучувајќи псоријаза, дерматитис, егзема.

Редовната масажа на главата со кокосово масло е сигурен начин да го избегнеме првутот. Се препорачува и за зајакнување на оштетена коса.

Домашен кокосов скроб

Тој е погоден и за најчувствителната кожа. Не е премногу остар, но совршено ја чисти кожата, а истовремено ја храни и навлажнува.

1 грст струготини од кокос
2-3 лажици маслиново масло
неколку капки етерично масло со мирис по желба

Направете си топол туш или када. Потоа, додека кожата е уште загреана нанесете на телото кокосов скраб.

Подобро е да користите ексфолијантна ракавица, но не е проблем и да користите само рацете.

Земете 1 лажица од смесата во дланките или на ракавицата и потоа нанесувајте ја смесата по целото тело со кружни движења.

Нагласете на грубите зони – колена, стапала, лакти. Откако целото тело е добро исчистено, исплакнете со вода.

За да ја завршите постапката намачкајте го телото со чисто кокосово масло или лосион за тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma