Колкава е вашата сексуална интелигенција?

popara13 јули, 20121min00
seks

Колку е некој паметен во сексот и дали вашиот партнер е способен за еротски егзибиционизам откријте со помош на остри анализи на сексуална интелигенција …

Сексуалноста е многу поширок концепт од самиот сексуален чин. Сексуалноста претставува се она што е поврзано со сексуален идентитет и чувства. Да бидеш успешен во сексот значи да бидеш сексуално интелигентен. Рационално интелигентната личност, всушност, не мора да биде таква и во креветот со партнерот. Бидејќи, од сексуалната интелигенција зависи колку сте способни да уживате во телесните задоволства и да постигнете оргазам. Таа се наследува – но, и стекнува, гради и усовршува. “Сексуалната интелигенција истовремено може да се одреди и како способност и вештина на на личноста да ужива во сексот. За да биде сексуално интелигентна, личноста мора да поседува огромно познавање за сексуалноста, способност да ги препознае сопствените желби, како и желбите и стравовите на партнерот.  Сексуалната интелигнција, е повеќе од од задоволителна ерекција на машкиот пол и од оргазмот на жената”, објаснува проф. Д-р Џездимир Здравковиќ, автор на книгата Сексуална интелигенција.

Постојат пет нивоа на опис на сексуалната интелигенција. Добро е да знаете дека, без оглед на тоа во која ќе се пронајдете, можно е да се развивате, се додека не бидете целосно задоволни со својот сексуален живот.

Сексуално неинтелегентни луѓе

За овие личности сексот е табу тема. Поседуваат многу малку знаење за сексуалноста, ако воопшто ја имаат. Нивната свест за сексот се буди само во текот на односот со партнерот. “Сексуалниот однос исклучиво служи за празнење на акумулираната енергија. Не поседуваат сексуална самоувереност, односно способност отворено да го изразат своето мислење, ги бранат сопствените легални сексуални и други права. Не покажуваат желба да ги прочитаат желбите на партнерот. Во зависност од карактерот и стекнатите навики, во конфликтни сексуални  ситуации реагираат агресивно или дефанзивно. Немаат тенденција да експериментираат во сексот. Не поседуваат увид во сопствените сексуални недостатоци”, сугерира д-р Здравковиќ.

Сексуално недоволно интелигентни луѓе

Тие не можат да се справат со проблемите во сексот. Конзервативни се. Во кревет ретко експериментираат. “Познавањата на природата на сексуалноста им се ораничени и опкружен со предрасуди. Комуникација за сексот на минимално ниво”, истакнува професорот Здравковиќ. “Сексуалниот однос со партнерот е стереотипен, инстинктивно условен, доживувањето на задоволство е личен чин, независен од задоволството на партнерот”, додава авторот.

Сексуално просечно интелигентни лице
Тенденцијата кон сексуално експериментирање постои, но со брзо заморување и враќање на постојаните активности. За време на предиграта и сексуланиот однос обрнуваат внимание и на задоволување на потребите на партнерот. Имаат увид во добар дел на од нивното сексуално функционирање. “Поседуваат реалтивно добро знаење за природата на сексуалноста, но со задржување на некои ‘тврди’ предрасуди. Комуникацијата со партнерот надвор од креветот и во креветот постои, но со тенденција да се задржат класичните сексуални улоги”, вели д-р Здравковиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag