Колку чини шамарот кој го добила “Очајната домакинка”?

popara2 март, 20121min00
news_22542

Николет Шеридан позната како Иди Брит во серијата “Очејни домакинки” го тужи творецот на споменатата серија кој и удрил шлаканица!

Актерката Николет Шеридан, која во серијата играше “освојувачка на мажи” Иди Брит, на суд бара 20 милиони долари од творецот на серијата “очајни домакинки”Марк Чери.

Таа наведува дека Чери во 2008 година по кратка дискусија за текстот за нејзиниот лик ја удрил во лице, тврди актерката. Шеридан вели дека Чери подоцна дошол во нејзината приколка за да се извини, а кога таа инцидентот го пријавила на челновите во телевизиската куќа, Чери и возвратил со тоа што го “убил” нејзиниот лик во серијата во изненадна сообраќајна несреќа.

Ниту останатите “очајни домакинки” не поминале без проблеми со Марк. За актерката Тери Хачер, која во серијата ја игра Сузан мајер, Чери рекол дека се надева дека ќе ја прегази автомобил.

Во Лос Анџелес започнало судењето на Чери поради физички напад и незаконско отпуштање, а американскиот печат пишува дека Николет од ова ќе излезе побогата за најмалку шест милиони долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag