Колку долго трае болката?

popara16 март, 20121min00
pain

Лош човек ли те прави желбата да сакаш да видиш некого да страда? Лош човек ли си ако веруваш дека одредени представници на нашиот вид не заслужуваат среќа?

Заслужува ли среќа секое човечко суштество? Дали и оние што убивале мечти и осакатувале детски невини фантазии? Дури и оние чија лага е со умисла, убиствена, болна? Онаа лага што ја прави душата пуста и ти ја одзема години по ред вербата во човечката добрина?

Заслужуваат ли љубов и топлина оние што го отфрлиле срцето што биело само и единствено за нив?

Имаат ли право на нежност? Откако секој нивни гест бил израз на грубо одрекување. На болните амбиции да искористуваат, рушат и повредуваат. Амбиции на егоистите.

Лоша ли сум штом не сакам таквите луѓе да бидат сакани? Лоша ли сум дури и кога раните ми се сеуште свежи и отворени, дури и кога болката се враќа, макар да минале години.

Тажно и пусто. Не сакам да сум лоша. Не сакам да собирам во себе гнев и црнила. А тие извираат од мене. Извираат заедно со спомените за одземените мечти и детската искрена љубов. И макар што времето минува, јас не сакам тој да е среќен. Сакам да го боли. Сакам да не ја запознае љубовта, затоа што ја отфрли љубовта на едно наивно, веројатно дури и глупаво девојче.

Дали првите рани секогаш оставаат вакви траги? Колку долго трае болката?

И заслужуваат ли сите човечки суштества среќа? Дури тогаш кога ќе можеш да одговориш на последново, ќе знаеш дали и кога болката ќе престане…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag