Колку е лесно да кажеш те сакам и колку е тешко да го докажеш тоа,
Колку е лесно да се насмевнеш и колку е тешко внатре во тебе да биде така,
Колку е лесно да видиш и колку е тешко да поверуваш,
Колку е лесно да си кажеш дека нема да плачеш и колку е тешко да го направиш тоа,
Колку е лесно да кажеш дека не ти е гајле и колку е тешко така да биде навистина,
Колку е лесно да заминеш и колку е тешко да најдеш причина за да се вратиш,
Колку е лесно да излажеш и колку е тешко да ја кажеш вистината,
Колку е лесно да ти е тешко и колку е тешко да признаеш дека е така,
Колку е лесно да направиш нешто гадно и колку е тешко да се извиниш,
Колку е лесно некој да ти помогне и колку е тешко да кажеш благодарам,
Колку е лесно да си како нив нели?
И колку е тешко да бидеш тоа што си 🙂