Колку е важна довербата во љубовта?

popara7 јуни, 20121min00
s1

Тешко се печали, лесно се губи. Довербата е еден од основните услови ако сакате да се радувате на среќна и вечна љубов. Како се печали доверба?

Недовербата објаснува зошто врската ви е некако површна, а партнерот не е вашиот најдобар пријател, сопатник во животот, а често и душевен вентил. Недостасува споделување на најдлабоките мисли и чувства и продолжувате да живеете во оклопот на школка. Довербата е еликсирот што прави љубовта да цвета. Без неа, таа умира.

Недостатокот на доверба води до сомнеж и несвесно ограничување на слободата на другиот. Каде беше? Зошто се задржа толку? Нема да излегуваш со пријателки без мене! Која ти е оваа во пријатели на фејс?   Ова е сигурен знак дека важата врска дефинитивно тргнала по погрешниот пат. Колку и да ви е тешко да поверувате на фразата: „Пушти ја птичката на слобода, ако те сака ќе се врати!“, вистината е таква.

Во спротивно, недостатокот на доверба и стремежот за контрола попрво ќе ја одалечи отколку да ја задржи љубовта.

Но како да се доверите повторно, макар и на друг човек, кога вашата доверба била предадена и тоа било причина за разделба? Прво поверувајте во себе, бидејќи довербата кон другите е само продолжение на довербата во вас самите.

Имате две опции – да ја надминете претходната траума или цел живот да ги лижете старите рани за да стигнете до состојбата наречена  емоционален инвалид.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag