Можеби се случува само еднаш во животот. Шансата да ја сретнеш љубовта… својата сонувана, споделена, мечтаена, вистинска. Онаа единствената!
Можеби се случува само еднаш да го сретнеш. Оној со кого разговараш со очи и правиш љубов со зборови. Со кого разговараш со срце и се разбираш со допир. Срцето ти вели дека го сака само него.
Да животот ни ја нуди таа шанса. Еден прекрасен сончев ден, во точно определен час, во дадена пресечна точка. Налетувате еден на друг. Чувствувате дека во него се крие сродна душа, каква што секој од нас цел живот ја бара.
И ако се беше толку едноставно и ако ние луѓето бевме направени така, да си го опростуваме животот, наместо да го комплицираме излишно, тогаш немаше да има пречка во оваа историја да продолжи и да заврши со хепи енд.
Не можеме ли уште во првиот миг да разбереме? Да разбереме и да ја препознаеме љубовта? Можеме ли да ја уловиме и да ја задржиме? Ете ова е тажниот момент од историјата. Понекогаш остануваме слепи и глуви пред крикот на срцето. И се разминуваме. Ја испуштаме. Онаа љубов… Која можеби беше… но да се надеваме дека не се случува само еднаш во животот.
Едно реално парче од еден реален живот:
…Беше прекрасен момент. Неколку исполнети со магија убави мигови. И после крај.
Тој сврти зад аголот. Таа се сврти назад за да го побара. За последен пат се погледнаа. Тажна насмевка, тешко продорно чувство во градите. И секој тргна по својот пат.
Таа се загледа пред себе си, со вперен поглед во празното пространство. Каква пустош. А пред малку светот околу неа беше полн. Беше исполнет со содржина. Очигледно досега никогаш во својот живот таа не се чувствувала вака.
Дали некогаш ќе го види повторно? Се исплаши од помислата. Можеби, ако животот ни даваше само една ваква шанса, тогаш тоа би значело…Никогаш…