Количината на сексот во бракот отсекогаш е тема која предизвикува голем интерес. Колку пати неделно е доволно? Може ли некој воопшто да даде одговор на ова прашање? На ова се обиделе да одговорат бројни истражувања, но резултатите во секое од нив биле различни.
Но, едно откритие сепак се протега во сите истражувања – просечните двојки практикуваат секс еднаш до два пати неделно. Секако, тука и годините имаат клучна улога. Новите брачни двојки на дваесет или по четокот на триесеттите години имаат побогат сексуален живот и понекогаш се случува сексот да се практикува повеќе пати на ден. Кај двојките кои се во поодминати години, но сеуште се во брак, сексуалниот чин е нешто поредок.
Мажите и жените различно гледаат на количината на сексот во бракот и затоа на истражувањата даваат различни одговори. Мажите најчесто сакаат поцеќе секс, а жените пак сметаат дека не треба да претеруваат.
Значи, вистинскиот одговор на прашањето од почетокот на текстот, нема! Клучот е во компромисот. Неделно треба да имате толку секс колку што и на двајцата ви одговара. За да добиете свој одговор, потребно е во бракот да имате отворена комуникација. Тоа е првиот чекор до здрав сексуален живот.