Колку време ти останува за да создадеш семејство?

popara17 мај, 20121min00
z

Науката создаде ДНК тест, кој може да покаже колку време и останува на жената 18+ за да создаде семејство.

Жените се родени со ограничено количество незрели јајце клетки или фоликули во јајниците. Само еден мал дел од нив преминуваат во зрели јајце клетки кои се погодни за оплодување.

Големината на резервата со јајце клетки намалува со тек на годините. Новороденото девојче има околу 2 милиони фоликули, во пубертетот се околу 400 000, а додека на 40 годишна возраст остануваат уште неколку стотици. Меѓутоа овде треба да се одбележи дека само мал број од нив можат да бидат оплодени.

Кај повеќето жени се забележува драстично намалување на бројот на јајце клетки после 35-та година.

Но според последните информации, голем дел од жените страдаат од „предвремена смрт“ или рано стареење на јајниците, што може да се случи на 25-ет годишна возраст.

Идеата на тестот е да покаже уште колку активни јајце клетки се останати во јајниците на жената.

Исто така експертите советуваат дека жените треба да одат на „годишен технички преглед за фертилност“, после 29-та година за да се открие колку брзо им отчукува биолошкиот часовник.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag