Често за љубовта ги слушаме овие или оние теории. Некој не советува на еден начин на освојување или задржување на партнерот, на друго место ќе пронајдеме целосно поинаков. Ниту еден научен метод кога се работи за љубовта не е во целост точен, бидејќи љубовта не е мерливо константна. Не можеме да кажеме дека сте 25 меетри заљубени во својот партнер, додека вашата пријателка во својот партнер е заљубена 17 метри. Во љубовта ништо не е точно. Ништо не е докажано и ништо никогаш не е сигурно. Љубовта е само чувство, во вашетто срце и глава, сеедно. Она што вреди за вас не вреди за никој друг. Поради тоа, пред да одите во потрага за љубовен совет, прво обидете се да ги пронајдете одговорите во себе. Наместо читање литература за спасување на врската или бракот, обидете се да го прочитате партнерот. Слушајте што ви зборува. Никогаш не коментирајте сите вие сте исти. И никогаш немојте да мислите дека она што вредело кај бившиот мора да вреди и кај идниот.
Еве само некои често споменувани, а потполно контрадикторни тврдења поврзани со љубовта.
1. Дури во брак ќе ја почувствувате вистинската љубов! – Љубовта умира со чинот на склопување на бракот!
2. Заљубените се целосно луди! – Паметните луѓе стапуваат во брак од љубов!
3. Најубавата љубов се случува на прв поглед! – Најубава е онаа љубов која се развива од пријателство.
4. Љубовта ги надминува сите проблеми! – Најголемите проблеми се љубовни!
5. Сексот е добар само ако го сакате партнерот! – Љубовта и сексот немаат никаква врска!
6. Љубовта или ја има или ја нема! – На љубовта мора да се работи!
7. Љубовта е слепа! – Вистинската љубов се гледа!
8. Постои само една вистинска љубов! – Сите љубови се вистински!
9. Можеме да сакаме само една личност! – Можеме да сакаме повеќе личности истовремено!
10. Најсреќни се заљубените луѓе! – Нема среќни во љубовта!
11. Љубовта е болка! – Љубовта е среќа!
Понекогаш и двете изјави се вистинити, понекогаш и двете се целосно нереални. Единствено целосно вистинито тврдење е всушност дека не знаеме ништо или знаеме многу малку.