Компири со колбаси

popara6 април, 20121min00
kompiriiii

Потребни состојки:

200 гр. тиквички

малку   сол

малку   рузмарин

2   пиперки

малку  мајчина душица

2 чешниња лук

1 главица кромид

1 кг. компир

50 гр. домат

200 гр. колбаси

300 гр. кашкавал

Припрема:

Измијте ги компирите и варете ги околу 20 минути. Потоа измијте ги под млаз ладна вода и излупете ги. Исчистете го мешаниот зеленчук. Пиперките исечете ги на парчиња, а тиквичките на тенки кругови. Исчистете ги кромидот и лукот, па исецкајте ги.

Во тенџере загрејте 1500 мл. вода. Додајте ги компирите, кромидот, лукот и сè заедно нека крчка 5 минути. Додајте го зеленчукот и со повремено мешање варете уште 5 минути.

Измијте ги и исцедете ги зачинските тревки, па измешајте ги со колбасите и додајте сол и црн пипер.

Смесата ставете ја во огноотпорен сад и печете на температура од 180 степени 30тина минути. Пред крај рамномерно распоредете го изренданиот кашкавал и оставете го да се запече. Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag