Комшике, соблакај штиклите! :)

popara2 март, 20121min00
v235905p0

Британка била дадена на суд поради силно тропање со потпетиците во својот стан.

Хамид и Инам Фаиди живеат во луксузна зграда во близина на Sloane Squarе, Лондон и навикнати биле на мир и тишина која им ја нуди оваа ексклузивна локација. Меѓутоа, откако во 2010 година им дошла нова сосетка, на нивните маки немало крај.

Двојката на неколку пати се обиделе да ја опоменат жената која го изнајмувала станот над нив. Но, ниту една нивна забелешка таа не ја прифатила и продолжила да си тропа со штиклите. Токму поради тоа, двојката решила да ја тужи и неа и управата на зградата.

Тие побарале во станот над нив да се стави покривка или тепих, за да не им го „буши мозокот“ жената со потпетиците.

Целиот случај стигнал до судот во Лондон, а двојката веројатно ќе го добие спорот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag