Нацистички методи против геј популацијата во Америка отворено ги зборува баптистичкиот свештеник Чарлс Воли, кој дури го проколнал американскиот претседател Барак Обама поради јавната поддршка на хомосексуалните бракови.
„Направете голема ограда од 150 километри ако треба, ставете ги сите лезбејки таму. Истото направете го и за геј мажите, како и за сите оние кои се малку настрани. Пуштете струја низ оградата за да не побегнат. За неколку години сите би биле мртви, бидејќи нема да може да се размножуваат“, изјавил Воли. Кој потоа веднаш се изјаснил и за Обама:
„Никогап нема да можам да гласам за некој кој ги сака хомосексуалците. На самата помисла на нив мене ми се повраќа“, извикал Воли.
Чарлс Воли не е осамен во оваа борба, со него се сложува уште еден свештеник Рон Бити.
Нас воите верници тој им раскажува како расипаните луѓе треба да бидат гонети, како и дека секој родител кој види дека детето му оди по погрешен пат слободно може да го тепа.