Американската пејачка Џесика Симпсон во вторникот донесе на двет девојче, кое го носи името Максвел Дру. Ова е првото дете кое го добила со својот вереник Ерик Џонсон.
Среќните вести Џесика ги објавила на својата интернет страна.
“Ерик и јас сме среќни поради раѓањето на ќерката Максвел Дру Џонсон. Благодарни сме за љубовта, поддршката и молитвите на нашите фанови. Ова е најубавото искуство во нашите животи”, објавила Симпсон.
Пејачката во вторникот се јавила во болницата во Лос Анџелес, а потоа и ја донела на свет малата Максвел.
Симпсон и Џонсон се верија во ноември 2010 година. Претходно била мажена за Ник Лачеј. Бракот траел од 2002 до 2005 година.