Конечно разоткриен феноменот „летечки чинии”

popara17 јануари, 20121min00
0055007.48

Според тврдењата на Мехран Тавакоила Кеше, ирански инжињер кој овие денови го објави своето мислење на својот блог, летечките чинии се производ на иранската вселенска програма, пишува Wired.com.

Oткако американското беспилотно летало завршило во рацете на Иран, наводниот зачетник на акцијата кое го приземјило леталото одлучил да проговори за технологијата со која тоа го оствариле.

Во своето објаснување така наведува дека е користена напредна технологија на иранската вселенска програма, која вклучува и вистински летечки чинии. Овие летала го користеле полето на силата и воздухот за сигурно и без оштетување да го приземјат американското летало.

Освен што се фали за своите достигнувања, Кеше тврди дека технологијата која ја развива Иран е инспирирана од вонземјанската технологија и повикува на престанок на војните и агресијата во светот и сака да ги сподели своите знаења со светските научници и да им овозможи на сите нации на светот пристап до „револуционерните вонземјански технологии кои ќе не воединат во мир, а не во војна”.

Оваа вест не ја коментираше Пентагон, но портпаролот Џорџ Литл во шега им поручува на Иран да им го вратат lightsaber. Некои веруваат дека и Америка има вонземјанска технологија, од која можеби е и инспирирано беспилотното летало невидливо на радар, кое дошло до Иран.

Дали тоа значи дека светските нации бесконечните потенцијали на вонземјанските технологии веќе сега ги користат во воени цели, наместо да се обидуваат да ја откријат тајната на вселената? Многумина мислат дека всушност за тоа станува збор и дека пред вистинското истражување на вселената ни претстои долга борба за доминација над Земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag