Откри, кој и ја ураде насмевката?!
Во недамнешното интервју за американскиот магазин Викторија Бекам открила дека би сакала да има уште едно дете, дека модата и ја земала насмевката, а зборувала и за својата опсесија со светскиот бестселер “50 нијанси на сива” .
Викторија открила дека станала фан на бестселерот, еротскиот роман “50 нијанси на сива”. Ѕвездата исто така ја наговорила својата мајка да почне да го чита светскиот бестселер.
Покрај најновата опсесија, ја допрела и темата за својата насмевка којаретко се забележува на фотографиите, истакнувајќи дека тоа е дел од нејзиниот имиџ, сега кога станала дизајнерка во вистинска смисла.
-Всушност знаев да се насмевнам на некои фотографии, но насмевката престанав да ја покажувам кога почнав да се занимавам со мода. Модата ми ја одзема насмевката, изјавила Викторија Бекам.