
Докторот на покојниот Мајкл Џексон, Конрад Мареј, повторно е на суд каде ќе се обиде да докаже дека музичарот сам си ја земал фаталната доза на пропофол. Мареј, не може да ја докаже неговата невиност, бидејќи веќе е осуден на четири години затвор, но на судот сака да покаже некои докази за кои смета дека ќе му ја намалат паричната казна која мора да ја исплати на семејството на починатиот крал на поп музиката.
Обвинителите сметаат дека осудениот лекар треба да им исплати дури 100 милиони долари, на децата на Мајкл, и тврдат дека токму тоа е износот кој нивниот татко ќе го заработеше од турнејата која беше планирана пред неговата смрт. Адвокатите на Мареј се надеваат дека овој износ ќе успеат барем да го преполоват, но конечната одлука ќе ја донесе судијата.