Козметиката која ја купувате всушност и не ви е потребна

popara15 октомври, 20121min00
maska

МАСКА ЗА ЛИЦЕ

Иако маските за лице кои ги купувате ви овозможуваат пријатно чуство и опуштеност, а воедно и убаво мирисаат, вистината е дека постојат многу малку докази дека имаат долгорчно благотворно дејсво. Така да доколку сакате да применувате маска на вашето лице, најдобро е да си ги сочувате парите и самми да си приготвите маска според некој домашен рецепт со состојки на природна база.

ПРОИЗВОДИ ЗА ШТЕТЕНА КОСА

Колку и да сакаме да ја поправиме штетата која сме и ја нанеле на косата со пеглање, фенирање, и слично вистината е дека и најскапиот прозивод за коса нема никогаш да ја поправи штетата која сме ја направиле. Единствен начин е да ги скратите врвовите, па потоа да ја негувате косата со хидтратантен регенератор или маска.

ПРОИЗОДИ ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ И БРЧКИ

Производите портив брчки не делуваат. Во случајот со длабински и видливи брчки едниствено решение е пластична операција. Исто и со производите против целулит. Иако вам ви се чини дека процедурата со масажи и креми делува, ефектот е краткотраен, целултот е само краткорочно покриен. Здравиот начин на живот кој се базира на правилна исхрана и редовно вежбање е единствен начин да се реши целулитот во потполност.

ТОНИК

Иако сме навикнати на старата формула “ чистење со тоник, хидратантна крема “, вистината е дека слободно може да го прескокнете овој дел поврзан со тоникот. Поголем дел од дерматолозите се сложува дека тоникот навистина не е потребен бидејќи тој главно се користи за отстранување на траговите од средтвата за вадење шминка и другите нечистотии. Но денешните средства за отстранување шминка имаат таква формула така што тоникот не е потребен, посебно за оние кои имаат нормална и осетлива кожа. Но од друга страна тоникот може да биде многу корисен за оние кои имаат масна кожа .

ПИЛИНГ ЗА ТЕЛО

Кожата се лупи сама по себе, но понекогаш за да се постигне подобра циркулација и обнова на кожата е да се отстрани површинскиот слој. Само што тоа не мора да биде со помош на производи кои се купуваат, туку едноставно тоа може да го направиме со четките и сунѓерите за туширање. А пилингот лесно можете сами да си приготвите. Помешајте малку маслиново масло или кокосово масло со крупна морска сол или кафеав шеќер и ќе добиете совшен рецепт за пилинг.

ПЕНА ЗА БРИЧЕЊЕ

Уште една работа која не ни е потребна. За оваа потреба вам слободно може да ви послужи и обичен гел или масло за туширање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag