Крадецот убаво вечерал и се налил со шампањско, па отишол под туш каде полицијата го фатила.
Мајкл Калверт (25) уапсен е по една од најчудните случаи на разбојништво во Калифорнја.
Тој провалил во куќа во соседството, почнал прво од фрижидерот, си направил господска вечера, а потоа си отворил шише шампањско.
По јадењето и пиењето, посакал да се истушира, па се соблекол и влегол во када. Шокираните сопственици се вратиле дома додека тој се бањал и веднаш повикале полиција.
Калверт е уапсен додека бил под тушот и обвинет е за провала во туѓа сопственост и кражба.