Крадец го украл возилото на Фил Ракочи, кој заработува за живот патувајќи низ училишта и посетувајќи роденденски забави претставувајќи им го на децата чудесниот свет на рептилите.
Кога Ракочи застанал во една продавница во Енгелвуд, Колорадо тој го оставил својот автомобил запален за да им биде топло на неговите „миленичиња“. Но додега купувал во продавницата, крадецот, чиј идентитет сеуште не се знае, му го украл автомобилот, несвесен дека во него се наоѓаат 2 желки, питон, ѕвечарка, уште 5 други змии, 3 шкорпии, 6 гуштери и една тарантула.
Полицијата трага по крадецот и по украдениот автомобил, а Ракочи вели дека воопшто не му е грижа за автомобилот, туку само си ги сака назад своите „миленици“.