Крајно време е да престанеш со ова…

popara12 март, 20121min00
111

Секој нов ден, нова шанса. Во животот понекогаш е потребно да се ослободиш од некои излишни работи за да можеш да почнеш наново.

Престани да се тревожиш за мислењето на другите. Најмногу, затоа што тоа е небитно. Може да те залажат и да се откажеш од идеи и цели во кои искрено си верувал.

Престани да се грижиш за надворешниот изглед. Нема правилен начин по кој треба да се облекуваш и да ја оформуваш косата. Не се споредувај со никого. Биди себе си и изгледај онака како што само ти можеш.

Секогаш следи ги своите мечти без да обрнуваш внимание на она што другите сакаат и очекуваат од тебе. За несреќа, точно пред да го направиш првиот чекор, луѓето наоколу, дури и оние кои се искрено загрижени за тебе, обично се најлошите советници. И тоа најчесто не затоа што ти мислат лошо, туку затоа што на нив можеби им е страв, и затоа што тие неможе да знаат што значат за тебе твоите страсти и цели во животот.  Тие едноставно не разбираат дека ризикот за тебе заслужува. Се обидуваат да те заштитат од паѓање, но всушност те одалечуваат од шансата да си ги оствариш мечтите.

Престани да мислиш и премислуваш. Во животот има правилни и погрешни работи. Тоа што е правилно за едни, е грешно за други. Треба да го живееш животот по своја сопствена преценка, на начинот по кој ти сметаш дека треба.

Престани да се плашиш од грешките. Тие не учат на многу важни лекции.  Најголемата грешка што можеш да ја направиш е од страв да не погрешиш, ништо да не направиш. Искористи ги сите шанси што ќе ти се дадат.

Престани да се тревожиш за оние работи што не зависат од тебе. Некои работи во животот едноставно не можеме да ги контролираме. Прифати го како факт. Секоја лоша ситуација прифати ја како предизвик, каде се очекува разумен чекор од твоја страна. Не страв, не сомнеж…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag