Кралицата Елизабета хигеничарките ги плаќа под минималец

popara17 ноември, 20121min00
kralica elizabeta

Британската кралица Елизабета Втора се најде на мета на критики откако се објави оглас дека се бараат хигеничарки во Виндзор-палатата, чија плата е за 78 пени помала од границата на сиромаштијата. Инаку, ова е Недела на минималната заработка, една недела откако лабристичкот лидер Ед Милибанд излезе со програма на партијата за обезбедување плати на работнците што ќе можат да ги задоволат трошоците за живот, јави „Дејли мејл“.

Борците за правата на работниците од организацијата „Ливинг Вејџ“ бараат минималната заработувачка на час да биде најмалку 7,45 фунти надвор од Лондон, а во Лондон 8,55 фунти. Но, огласот што неодамна бил поставен на сајтот на Бакингемската палата за работното место хигеничарка нуди 6,67 фунти по час, што е за само 47 пени над државниот минималец, што е еднакво на годишната плата од 13.000 фунти. Кандидатите нема да имаат сместување, а работното место вклучува чистење со правосмукалка, миење подови, бришење прашина. Работното време е од осум  часот наутро до 13 часот, 30 часа неделно.

Лабуристот Грајем Морис вели дека објавениот оглас дава лош пример бидејќи кралицата добива значајни средства од јавната каса и би требало своите работници да ги плаќа, така што тие би можеле да живеат од својата плата, а не да им дава дури нешто малку над минималецот. Според него, таа дава лош пример на другите работодавци. Виндзор е една од најбогатите општини во земјата, па затоа може да се очекува дека тука трошоците за живот да се поголеми.

– Шокантно е во денешно време овој вид на работа сè уште да не е сфатен сериозно и сè уште да е толку бедно платен – вели портпаролот на ПСЦ, синдикатот на јавните претпријатија. Портпаролот на Бакингамската палата одби да ја коментира оцената дека кралицата на овој начин дава лош пример на другите работодавачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag