Крем банани

4 мај, 20120
1

Потребни состојки:

  • 700гр – шеќер
  • 3дл-вода
  • 3 кесички желатин
  • 2- екстракти со арома на банана
  • 200гр – чоколадо за готвење

 

Начин на подготовка:

1. Да се промеша шеќерот со 2дл.вода и да се вари околу 5мин. додека се ратопи.

2.  Желатинот се прелива со 1дл.вода и да се загрее колку да се растопи.

3. Стопениот шеќер се отстранува од оганот и со матење со миксер постепено се додава желатинот. Да се води сметка  желатинот да се измати добро за да се стврдне, така што мора да се мати минимум 15мин.

4. Се додава екстрактот  од банана.

5. Се подмачкува плехот со масло, се става во него смесата и се остава добро да се стврдне.

6. Кога ќе се стегне добро смесата можете целата да ја прелиете со растопено чоколадо, а можете и да ја исечете на штанглици и да ја глазирате секоја посебно со течното чоколадо…

Пријатен апетит…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *