Потребни состојки:
Маслиново масло
1 главица кромид
2 чешниња лук
100 гр. ореви
1 лажица брашно
1 пилешка коцка за супа
200 гр. бадеми
Сол и црн пипер
Припрема:
Ситно исецкајте го лукот и кромидот, измелете ги оревите и бадемите.
Загрејте масло на оган па пропржете ги кромидот и лукот, па додадете го брашното и постојано мешајте.
Сварете коцка за супа во 1 литар вода, па откако ќе се свари додајте ја смесата од тавата. Додадете ги и измелените ореви и бадеми и гответе уште 10тина минути на тивок оган.
Откако супата ќе се свари, додадете сол и црн пипер по желба. Добар апетит!