![1 (3)](https://popara.mk/wp-content/uploads/2012/05/1-310.jpg)
„ Зелениот остров “, втор по големина во Грција е дестинацијата која многу ја одбираат бидејќи овозможува повеќе димензии на она што се вика вистински одмор…
Еден од најубавите острови лежи во Јонското море, а северно се спојува со Јадранското. Според грчката митологија, овој остров го добил името според нимфата Керкира, според која и главниот град го добил името. Ова место се спомнува и во Хомеровата „ Одисеја “, во која се спомнува дека токму на овој остров, Одисеј се спасил после долгите лутања.
Кога сте на овој остров, неизбежно е да ги посетите преубавите плажи на Глифада, Сидари, Беницес, задолжителна е и посетата на „ Акваленд “, местото на кое заборавате на Вашата возраст, а доколку сте љубител на културата и уметноста, упатете се кон главниот град, Керкира, кој има неодолив Венецијански шарм и е одличен за шопинг. Романтичарите ќе бидат „ хипнотизирани “ од Каналот на љубовта. Кавос е местото кое станува сé попопуларно поради забавите и ноќниот живот кој не постои на друго место…
Еден од најбогатите грчки острови е омилена летна дестинација помеѓу туристите…
Уверете се и лично зошто е омилена и помеѓу туристичките агенции…