Полицијата во Мајами потврдила дека Кристал Спан го обвинила Крис Браун за кражба на мобилен.
24 годишната Кристал го фотографирала Браун со својот iPhone, откако го следела него и раперот Тиги во клубот Камео.
Таа тврди дека откако го снимила Браун, кој влегувал во својот Бентли, пејачот го земал нејзиниот мобилен и побегнал.
“Ку.во, ова нема да го објавиш на интернет”, наводно изјавил Браун.
Браун сеуште ја извршува условната казна поради нападот на бившата девојка Ријана, а можел и да зврши во затвор поради нејзините повреди. Неговиот гласноговорник не го коментирал овој случај.