Актерската двојка Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт овие денови имаат полни раце работа поради промоција на филмот Breaking Dawn – Part 2. А ако се за верување американските таблоиди тие двајца за неколку месеци во рацете ќе го држат своето бебе!
Всушност, не долго по неверството на Кристен Стјуарт, а потоа и по фамозното помирување, двојката според неделникот OK! чекаат бебе. Според истиот извор, Роб и Кристен веќе испланирале како ќе изгледа детската соба и наводно сакаат детето да расте во Англија.
Извор близок до двојката открил за неделникот дека Кристен го моли Роберт да се ожени со неа, додека не се породила.
Хммм, дали е ова вистина, времето ќе покаже…