Кристен Стјуарт во моментов е една од најпопуларните холивудски девојки. Снимила насловна за актуелното издание на Vanity Fair и открила дека до своите 15 години изгледала како момче.
“Погледнете моја фотографија до моите 15 години. Бев како момче. Носев машка облека и не се замарав со ништо. Ја носев облеката од теретана”, изјавила Критен.
“Се сеќавам дека девојките во теретана ме гледаа и ми зборуваа дека сум одвратна, бидејќи не се депилирам”, додава Стјуарт.