Кристен Стјуарт се ослободлила од својот имиџ “невина” на големото платно, покажувајќи ги градите во својот нов филм ‘On The Road’.
И иако на многу холивудски актерки кои се постари и поискусни од 22 годишната Кристен тешко им паѓа соблекувањето топлес и попрво би земале двојничка отколку да снимаат сцени без градници, Кристен вели дека неа лично тоа не и претставува никаков проблем.
“Тоа воопшто не допира до мене. Откако ќе се појавиме на сет важно е само да дишеме и да оставиме работите да се случуваат. Режисерот навистина ни верува. Така што тоа звучеше вака: Морам да ја соблечам облеката? Ок, тоа не е голема работа”, изјавила актерката.