Здравјето на актерката Кристен Стјуард значително се влошило откако раскинала со Роберт Патинсон, откако беше фатена како го изневерува со режисерот Руперт Сандерс.
Четригодишната врска заврши откако се појавија фотографии од неа и Руперт Сандерс.
Извор близок на актерката, која моментално живеела со една пријателка изјавил дека актерката живее од енергетски пијалоци и цигари.
„Кристен е нервозна и живее од цигари, енергетски пијалоци и понекогаш чипс. Кога некој ќе ја натера да јаде таа одбива и вели дека штотуку јадела или пак дека не е гладна“, изјавил неименуваниот извор.