Крит – совршена дестинација за одмор

popara1 јуни, 20122min00
krit

Најголемиот и најјужен грчки остров претставува идеално место за одмор, со многубројни плажи, совршена клима, како и содржини кои ги исполнуваат барањата и на најприбирливите гости…

Петтиот по големина остров на Медитеранот носи единствена приказна, богата со историја, прочуена по Минојската цивилизација и палатата во Кносос.

Должината на целиот брег изнесува нешто повеќе од  1000 километри, додека на островот е застапена средоземна клима па и времето во текот на целата година е доста пријатно. Сместен на раскрсницата помеѓу три континенти – Европа, Африка и Азија, островот истовремено претставува и разновидност и единствена природна убавина. Она што секако, овој остров го прави атрактивен се луксузните хотели, ресторани, како и многубројните кафулиња и барови кои се отворени по 24 часа и се наменети за младите гости кои се одлучуваат да го посетат овој остров.

Главен град е Хераклион, истовремено и главно пристаниште кое потсетува на италијанските приморски градови со специфична архитектура, пешачка зона и тесни улици.

Најголеми туристички центри се: Хераклион, Ханија, Ретимно и Агиос Николаос, додека  на јужната страна, островите се претежно помали рибарски места. Причините за да го посетите овој остров се навистина многу…

Како и да е, само неколку, можат да бидат клучни за Крит да биде Вашата летна дестинација…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag