Многумина мислат дека ќерката на Мадона, Лурдес секој ден се повеќе личи на својата мајка. Веројатно покрај неа го засакала светот на шоу-бизнисот, без разлика што тој подразбира…
Тие две имаат ист вкус, а најдобар доказ за тоа е фотографијата на која Лурдес се појавува со корсетот на нејзината мајка. И тоа еден од екстравагантните.
Со оглед на тоа дека Мадона е позната како некој кој ги “поместува границите” во својата работа, нејзината ќерка ќе има одлична учителка, доколку тргне по нејзините стапки. Имајќи во предвид дека Лурдес од раѓање е опкружена со папараците и дека донекаде товарот паѓа и на ќерката на славната пејачка, не е исклучено дека оваа млада девојка наскоро ќе тргне по стапките на нејзината мајка!