Во Русија две млади сибирски тигри беа напуштени од својата мајка, а замена за мајчинската љубов и потреба пронашле во кучето по име Клеопатра која припаѓа на расата шар пеи.
Тигарчињата биле родени кон крајот на месец мај во зоолошката градина во градот Сочи. Помошничката на директорката од зоолошката градина изјавила дека Клеопатра ги хранела и чистела тигарчињата како да се нејзини.
Работниците на тигарчињата им даваат и козјо млеко.
Во дивината главно во рускиот далечен исток живеат помалку од 400 сибирски тигри.