Момче старо само три дена е најдено под грмушки покрај еден пат во Полска и тоа благодарение на едно куче кое тука душкало.
Гелдајќи дека неговото куче неможе да се тргне од грмушката и постојано таму душка, сопственикот на кучето се приближил и го пронашол бебето кое било старо само три дена и најверојатно напуштено од родителите.
Бебето на темепратура од само осум степени било оставено во маица и замотано во пешкир.
Сопственикот на кучето веднаш повикал полиција, а бебето било префрлено во болница.
Лекарите изјавиле дека детето имало среќа, бидејќи уште неколку часа ако поминело надвор можело да почине од студ и глад.
Полицијата моментално е во потрага по родителите на бебето.