Домот на починатиот крал на поп музиката Мајкл Џексон на Беверли Хилс е на продажба, а вредноста на куќата е проценета на 23, 9 милиони долари.
Куќата е понудена од понеделникот, а само оние кои ќе доќажат дека располагаат со доволна количина на пари ќе можат да го разгледаат имотот пред купувањето. Идниот сопственик ќе ужива дури во 13 бањи, 7 спални соби, а на располагање ќе има и базен и дополнителна куќа за гости. Агенцијата за недвижности веќе се обидела да го продаде имотот кој изминатите неколку месеци е празен, со оглед на тоа дека поголемиот дел од мебелот е расподаден на аукција.