Американецот кој се претставил само како Лерој (81) од Масачусетс, минатата година купил слика за само три долари, а оваа година ја продал за 190.000.
Сликата ја купил од продавницата Goodwill, бидејќи помислил дека на интернет би можел да ја продаде за 100 долари.
Снаата на Лерој, сепак мислела дека сликата може да вреди и повеќе од 100 долари, ја земала и ја однела во една антикварница каде ја процениле дека вреди меѓу 20 и 30 илјади долари.
Набрзо тие организирале аукција за да ја продадат сликата за која се испоставило дека е дело од 1650 година, а цената која била постигната изнесува 190.000 долари.
„Многу сум му благодарен на бога за овој подарок и што видов дека таа слика вреди“, изјавил Лерој.
Тој ќе ги подели парите со својот син и снаа, а одреден дел ќе го вложи во реновирањето на куќата.