Најново од Ѓоко Танески…

popara12 јануари, 20121min00
Ko da ne e kraj - snimanje na video_4

Само неколку дена пред завршувањето на старата  година, Ѓоко Танески заедно со тимот на Sky Eye Entertainment продукцијата го сними видеото за песната „Ко да не е крај“ изведена на последниот „Охрид Фест“, а за истата на радискиот фестивал МАРС доби награда за најдобар текст на Огнен Неделковски.

Видеото се снимаше два дена, на локации во Скопје и во Прилеп, а во целата приказна покрај Ѓоко се јавуваат и два лика кои ја презентираат идејата на режисерот на видеото Илија Тодоровски. Режисерот за ова искуство вели: „Условите за снимање беа екстремно тешки од причина што температурите беа многу ниски, но сепак одличната организација, координација на сите учесници во снимањето и професионалноста на Ѓоко направија снимањето да биде исклучително забавно и интересно“

Видеото е во изработка и истото се очекува да биде промовирано до крајот на месецот. Покрај видеото за македонската верзија на „Ко да не е крај“ ќе биде изработено и видеото за англиската верзија на песната.

„Се надеваме дека со ова видео ќе извадиме добра видео приказна соодветна на квалитетот на песната но и квалитетот на Ѓоко како еден од македонските најдобри вокали“, велат од Sky Eye Entertainment продукцијата, а на оваа изјава Ѓоко надополнува: „Не се ни сомневам дека изработивме супер видео материјали, останува да погледнеме како изгледаат 4 -те минути на „Ко да не е крај’.

Исто така би сакале да ве информираме и да ве поканиме овој викенд, односно на 13.01.2012 на дочекот на  Старата Нова Година во клубот Миднајт заедно со Ѓоко Танески.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag