Овој автомобил премиерно беше претставен на саемот во Женева.
Фактот дека ќе го сакаат богатите и колекционерите е јасен, бидејќи ќе бидат произведени само шест примероци од овој ѕвер.
Моќта е подигната на 754ks при 8300 вртежи додека вртежниот момент е 750Nm. За потсетување стандардниот Aventador развива 700ks при 8.250 вртежи со 690Nm.
Овој автомобил од 0 до 100 километри постигнува за само 2,8 секунди, а максималната брзина му е покачена на 355km/h.