Lamborghini Aventador LP700-4 Spyder беше откриен вчера во Мајами…
Тој е прикажан само неколку недели пред саемот за автомобили во Лос Анџелес, каде ќе биде одредена неговата светска премиера и тоа во варијанта со тарга покрив како што очекувавме…
Новиот Aventador Spyder наместо платнен покрив кој беше решение во претходните верзии на кабриолетите на Lamborghini, доби тврд карбонски покрив направен од два дела. Неговиот кров не се склопува електронски во просторот позади седиштата, туку едноставно се отстранува рачно и се сместува во просторот под предната хауба, што воопшто не е тешко, бидејќи тежи само 6 килограми.
Она по што веднаш ќе го препознаете Spyder и додека го носи својот тврд кров е изглед Б носач, кој е редефиниран за да биде во согласност со новиот тарга покрив и безбедносен систем кој се грижи за возачот и совозачот во случај на превртување на овој автмобил.