Сакале вие или не, светот на модата ја дочека Лана Дел Реј со раширени раце. По Mulberry чантите и низа одработени едиторијали, пејачката потпишала договор со познатиот бренд H&M и официјално станала негово заштитно лице.
Соработката со H&M и Лана Дел Реј овие денови е конечно откриена и тоа преку кампањата на која пејачката е облечена во прачиња од есенската колекција, која очигледно многу брзо ќе се распродаде. Темата на кампањата е модерна и женствена личност со нежни манири, а се чини дека менаџерите во Лана дел Реј пронашле се што барале.