Лавот Јупитер и Ана Јулија Торес се уште живеат во голема љубов!

popara20 март, 20121min00
Лавот Јупитер и Ана Јулија Торес се уште живеат во голема љубов!

Поминаа скоро пет години откако нивната приказна го освои целиот свет, но ништо се нема променето меѓу лавот Јупитер и Ана Јулија Торес.

Благодарение на најновото видео поставено на интернет пред десет дена, можеме да видиме дека овој необичен пар се уште се сакаат, се прегрнуваат и даваат неизмерна љубов еден на друг.

Ако сте заборавиле која беше нивната приказна да ве потсетиме…

Колумбијката со големо срце Ана Јулија Торес му го спаси животот на Јупитер, откако го извлече од циркузот пред 13 години. Големиот африкански лав таа го неговуала се додека не се опоравил од злоставувањата кои му биле нанесени во циркузот, а големата мачка тоа никогаш не го заборавила.

Јупитер секојдневно и враќа со прегратки и бакнежи, а тоа го прави нивниот однос единствен, иако Ана се грижи за уште стотици други животни.

Поточно, во засолништето за животни во Кали кое таа го основала пред седумнаесет години живеат и многу други среќници, спасени животни од страдање и смрт.

httpv://www.youtube.com/watch?v=-crNr6ANNog

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag